Јовица и Габриела ја крунисаа нивната љубов

Please follow and like us:
Pin Share

Се ожени Јовица Наумчевски, машкиот вокал на група Молика. Јовица и неговата избраничка Габриела го кажаа судбоносното “ДА” и се заколнаа на вечна љубов. На свадбената прослава присуствуваа голем број негови колеги од фолк естрадата.

Викендов, се ожени еден од најдобрите машки вокали во земјава, Јовица Наумчевски кој што воедно е и дел од најпознатата група во Македонија, група Молика. Негова избраничка е прекрасната Габриела со која што имаа долгогодишна врска, по што решија нивната голема љубов да ја крунисаат со брак.

На свадбената прослава, покрај многубројните нивни блиски пријатели и роднини, присуствуваа и бројни колеги од македонската естрада. За музичкиот дел и убавата атмосфера, се погрижи еден од најпознатите фолк пејачи, Влатко Миладиноски кој што беше придружуван од Интермецо бенд.

Екипата на естрадниот магазин Естрада плус и сателитската ИН Телевизија, на Јовица и Габриела им посакуваат многу љубов, успех и среќа во заеднички живот.

Please follow and like us:
Pin Share